Вести Економија

ЕЦБ уште еднаш ги зголеми каматните стапки за да се справи со инфлацијата во еврозоната

Европската централна банка уште еднаш ја зголеми референтната каматна стапка за уште 25 базични поени, на 4,25 отсто, што е рекордно високо ниво, предупредувајќи дека потрошувачките цени се уште растат пребрзо, и дека има можноста за натамошно зголемување останува отворена.

ЕЦБ, исто така, благо ги зголеми проценките за вкупната инфлација, на 5,4 проценти оваа година и три проценти следната година, со образложение дека растот на цените продолжува да го поттикнува растот на цените на енергијата во претходниот период и ослободувањето на побарувачката потисната за време на пандемијата, особено во услужниот сектор.

Инфлацијата продолжува да опаѓа, но сепак се очекува да остане премногу висока. Решени сме да обезбедиме навремено враќање на инфлацијата на среднорочната цел од 2 отсто. Поради тоа, беше одлучено трите клучни каматни стапки на ЕЦБ да се зголемат за 25 базични поени – се наведува во соопштението на ЕЦБ.

Деветтото последователно зголемување на ЕЦБ, дојде еден ден откако Федералните резерви на САД ги зголемија стапките за истиот износ.

Претходно Управниот совет во Франкфурт, одлучи централната банка да го продолжи заострувањете на монетарната политика на еврозоната.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе