Вести Македонија

Телото на Фатмата конечно тргна од Бутел за Сиера Леоне, три месеци по нејзината смрт од куршум од полициски пиштол кај Гевгелија

Фатмата си оди дома. Со оваа кратка порака и со фотографија на која се гледа како нејзиниот партнер Абу Бакар се простува допирајќи го ковчегот во кој е телото на загинатата мигрантка од Сиера Леоне, организацијата Second tree објави дека заврши тримесечната сага која почна со насилна смрт на 23-годишната девојка при обид преку мигрантската рута и Македонија да стигне до западна Европа.

-Нејзиното тело денеска ја напушти Северна Македонија. Таа наскоро ќе биде во Сиера Леоне со семејството, по нејзиното последно патување, објави организацијата која повика до сите оние кои што сакаат да споделат порака за утеха и сочувство до семејството во Африка, до Маријату и Бинтија, нејзините мајка и сестра, тоа да го направат преку интернет или со елкетронска пошта.

Така според Second tree, сите тие со сочувството ќе им покажат на најблиските на застреланата Фатмата дека „не се сите луѓе во Европа како полицаецот што пукал во неа, дека има многу што се грижат за неа.“

Абу Бакар нема да биде на погребот. Тој решил да остане во Скопје за да се бори за вистината и правдата за сопругата, на која и кажа последно збогум во Бутел, „откако помина низ емотивна и бирократска голгота.“

Враќањето на телото на Фатмата по нејзината смрт беше неверојатно тежок, долг и скап процес, велат од  Second tree.

-Видовме секакви работи, од едноставна бирократска неефикасност до отворена корупција. „Ќе беше сосема невозможно да го сторам тоа сам“, рече Абу Бакар, мислејќи на многуте тела што лежат наоколу во замрзнувачи или необележани гробници низ Европа, потенцираат од организацијата Second tree.

Фатмата беше застрелана во граничен инцидент на 19-ти април. При расправија и туркање на полицаец и криумчар на мигранти, пиштолот истрелал куршум со кој била убиена 23-годишната девојка од Сиера Леоне.

Оттогаш трае истрагата, а главен осомничен е полицаецот, иако МВР првично соопшти дека криумчарот бил тој што стрелал. Обвинителството сметаше поинаку и побара да му биде одземен пасошот на полицаецот кој е првоосмничен, но истрагата се уште не е завршена и не е утврдена одговорност за смртта на Фатмата.

Во продолжение емисијата КОД со приказната за смртта на Фатмата и страдањето на нејзиниот сопруг Абу Бакар и семејството во Сиера Леоне.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Предложените измени на „балансерот“ ги поделија партиите

Дејан Дејан

Тренчевска: Линеарното зголемување на пензиите за сите пензионери не е добро

Дејан Дејан

Сопругот на 32-годишна жена од тетовско која почина на КАРИЛ бара одговори – зошто обичната операција за вадење камен од бубрег завршила со смртен исход

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе