НФЛ тимот, Вашингтон Командерс од денеска има нов сопственик. По скоро 25 години управување со тимот, Ден Снајдер реши да го продаде, а бизнисменот Џош Херис за негово преземање плати сума од 6,05 милијарди долари.
Новиот сопственик на Вашингтон, Херис е на чело на компанијата “Harris Blitzer Sports and Entertainment” во која дел од акциите има и НБА легендата Меџик Џонсон.
Снајдер на чело на Вашингтон е од 1999 година кога ги купи акциите за 800 милиони, а скоро две и пол децении управување ќе инкасира скоро осум пати поголема сума.
По негово водство тимот од престолнината беше просечен тим во НФЛ и само шест пати бил дел од разигрувањето за шампионската титула и има само две победи.
Новите сопственици најавуваат дека Вашингтон повторно ќе се врати на патеките на старата слава кога во периодот од 1981 до 1992 година три пати триумфираа во НФЛ.