Останато Спорт

Лек против анемија нов адут на спортистите кои користат допинг

Швајцарскиот доктор Рафаел Фаис кој е раководител на центарот за истражување на Универзитетот во Лозана изјави дека Светската антидопинг агенција се соочува со нов предизвик во откривањето на спортистите кои користат стимулативни средства.

Тој истакна дека лекот против анемија Roxadustat кој се користи за зголемување на бројот на црвени крвни зрнца и го стимулира телото да продуцира еритроцити како човекот да се наоѓа на голема надморска височина е сè позастапен меѓу спортистите, а е многу тежок за откривање.

Фаис потенцира дека тоа е лек што се наоѓа на пазарот од 2015 година и во моментов може да се набави само во Азија, но најголем проблем е фактот што трагите од него во телот може да се најдат само 10 до 16 часа по неговата употреба, а реагенси за негово детектирање се откриени во 2017 година.

Тоа значи дека откривањето е многу тешко, а една од ретките кај кои се откриени траги е романската тенисерка Симона Халеп која поради тоа минатата година доби забрана за настап на УС Опен.

Дополнителен проблем при откривањето на присуството на забранетата супстанција е и податокот дека голем број на спортисти пред евентуалното земање на примероци пријавуваат дека тренирале на голема надморска височина и поради тоа не може да се обвинат дека користеле допинг за зголемување на нивото на еритроцити во крвта.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕХФ конечно пресече: Алкалоид е освојувач на Европскиот Куп

Дејан Дејан

Распродажба во Милан: Тео оди во Ал Хилал, Мењон во Челси

Дејан Дејан

Челси не го сака Санчо: Фудбалерот се враќа во Манчестер јунајтед

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе