Вести Македонија Топ вести

Гинекологија отфрла одговорност за случајот со родилката која се самоуби скокајќи од прозор

Тимот на Клиниката за гинекологија отфрла одговорност за случајот со 39 годишната родилка, која почина синоќа од тешките повреди со кои се здоби при скок од прозорец на ГАК неколку дена по породувањето. Иако Државниот здравствен и санитарен инспекторат со вонредниот инспекциски надзор  по несреќата, констатираше  пропусти и издаде решение за утврдување одговорност кај здравствените работници кои не обезбедиле психијатар за родилката иако  во два наврати таа покажала вознемиреност, сепак од Клиниката за гинекологија велат дека  презеле се. На инспекторите ќе им одговорат следната недела.

-Целиот стручен колегиум го разгледа случајот и сите до еден застанаа позади се она што направи дежурната екипа тој кобен ден. Записникот од ДСЗИ стигна вчера пред крај на работно време и ќе се испрати одговорот во понеделник, рече Викторија Јовановска, директор на ГАК.

Обидот за самоубиство на младата жена, 4 дена откако роди здраво машко дете се случи на 2 јули. Таа скокна од првиот кат на Клиниката за гинекологија и со тешки повреди беше префрлена на КАРИЛ. Но не успејаа обидите на лекарите да ја спасат.

По трагичниот случај од Гинекологија кажаа дека жената два пати по породувањето била малку вознемирена. Првиот пат разговарала со клинички психолог, а вториот пат и дале терапија и е донесена одлука да се направи подобра проценка на нејзината здравствена состојба, а пред да се пушти дома да ја види психијатар.

По Државниот здравствен и санитарен инспекторат, надзор изврши и стручна комисија  формирана на барање на министерот Меџити, но од Здравство информираат дека извештајот се уште не е доставен до нив. Нема одговор ниту од ДСЗИ во кој рок треба да постапи ГАК по нивното решение за утврдување одговорност на здравствените работници кои не обезбедиле  психијатар за родилката иако во два наврати биле побарани конзилијарни прегледи.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца повредени, едно лице се бори за живот, преполовен Шевролет – страотна сообраќајка во Влае

Дејан Дејан

Дијаспората гласа за претседател

Дејан Дејан

Путин по петти пат стана претседател на Руската федерација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе