Македонија

Бектеши: Повисокиот ДДВ не е удар врз џебот на најранливите категории на граѓаните

Покачувањето на данокот за додадена вредност од 5 на 10 проценти за одредени прехрамбени производи не е удар по џебот на граѓаните, туку спротивно на тоа. Вака министерот за економија, Крешник Бектеши, во интервју за Гласот на Америка, ја правда одлуката на владата за зголемување на ДДВ-то за цела листа на производи, за која вели дека не се основни прехрамбени производи.

На списокот за поскапување, како производи кои според владата не им се секојдневно неопходни на граѓаните, се најдоа слатките, бисквитите, наполитанките, вафлите, обландите, гумените бомбони, тропското овошје, брашното од соја, путерот од кикирики. Заедно со нив со ист данок од 10 проценти ќе се оданочат и месото од ирвас, печурките тартуфи, морските плодови, одредени видови риби, пармезанот и други видови деликатесни сирења, кокосовото масло.

Новиот закон за ДДВ освен дел од прехрамбените продукти ќе ги зголеми цените и на дел од огревните средства како што се пелетите, но и печките и котлите на пелети за следната грејна сезона. Владата откако неколку години го промовираше загревањето на домовите и деловните објекти со пелети, па дури и делеше субвенции за нивно купување, реши да го зголеми данокот токму за нив од пет на 18 проценти. И ако министерот за финансии Фатмир Бесими вчера ваквата мерка ја правдаше со заштита на животната средина, неговиот колега од економија Бектеши денеска со поинакво објаснување. Тој вели дека зголемување на ДДВ-то е поради дисбаланс на пазарот со пелети.

Измените на Законот за ДДВ, кој е дел од пакетот даночни реформи, во кои влегува и солидарниот данок, предвидено е во државниот буџет да инектира околу 140 милиони евра, од кои 70 милиони би биле само од солидарниот данок кој е наменет за компаниите кои минатата година направиле повеќе од 10 милиони евра приход

Тамара Грнчаровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Каја Шукова (СДСМ): Сетот на 7 мерки немаше да го предложевме ако видевме дека имаме добар инпут на владатa

Дејан Дејан

Сака мир во Украина до Велигден – Блумберг за порака што ја упатил Трамп до европските политичари

Дејан Дејан

МЗ: Забрана за посети на хоспитализирани пациенти и носење заштитни маски во здравствените установи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе