Дејвис куп репрезентацијата на Македонија со победа го отвори настапот во третата Европска зона.
Во третиот решавачки дуел против Малта, двојката Калин Ивановски и Берк Бугариќ во два сета со 6:4 и 6:4 ги совладаа Лиам Деликата и Алекс Дегабриеле.
Претходно Ивановски го освои првиот поен за нашата репрезентација откако со 2:0 триумфираше над Деликата, а во првиот меч во поединечна конкуренција Дегабриеле со 2:1 слваеше во мечот против Обрад Марковски.
Во вториот натпревар од нашата група Молдавија забележа победа од 3:0 во соочувањето со домаќинот Кипар.
Токму репрезентацијата Молдавија е нашиот следен противник, а мечевите почнуваат утре во 10 часот и 30 минути,.
Најдоброрангиран тенисер во составот на Молдавија е Александар Козбинов кој во моментов е 493 играч на светот, а Илја Синтари се наоѓа на 517 позиција на АТП листата.
Илие Казак и Андреи Чумак немаат пласман на светската ранг листа.
ФОТО: Игор Паневски