Вести Свет Топ вести

Вонредни парламентарни избори во Црна Гора, но неизвесно е дали по нив ќе се надмине политичката криза

Во Црна Гора денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори по три години политичка нестабилност и пад на две влади кои ја загубија довербата во Собранието. Но, јасна победа и формирање стабилна влада која ќе го „одмрзне“ процесот на интеграција во ЕУ и ќе го забрза патот кон членство во Унијата, е малку веројатно судејќи според предизборните анкети. Фаворит на изборите е популарното, вонпарламентарно движење Европа сега, предводено од поранешниот министер за финансии Милојко Спајиќ.

Врз основа на информациите и проекциите кои можеме да ги видиме по изборите, би била изненадена ако добиеме политички стабилна влада. Бидејќи има големи промени на политичките пазари, ако можам така да кажам. Дури не сум сигурна дека некои од политичките партии кои учествуваат на овие избори ќе ги задржат своите сегашни позиции по изборите. Затоа, треба да почекаме и да видиме какви ќе биат резултатите, а тоа ќе започне по изборите, смета политичкиот аналитичар Ана Ненезиќ.

Сепак, сенка врз нивниот рејтинг фрли апсењето на јужнокорејскиот крипто крал До Квон кој е осомничен за проневера на дури 40 милијарди долари со пропаѓањето на неговата крипто валута Тераформ лабс, бидејќи актуелниот премиер Дритан Абазовиќ го обвини Спајиќ дека имал бизнис зделки со Квон. Спајиќ пак од своја страна го обвини Абазовиќ за политички прогон и злоупотреба на власта плашејќи се од губење на власта.

Нема да биде лесно да се формираат коалиции, особено по скандалот кој изби изминативе два дена помеѓу Спајиќ и До Квон, ако го изговарам правилно, и обвинувањата кои дојдоа од премиерот Абазовиќ. Ова е нешто што навистина мора да биде истражено од институциите кои се занимаваат со тоа, бидејќи информациите кои сега ги имаме доаѓаат од политичар, кој е премиер, но во исто време е и главен политички ривал на Спајиќ, додава ненезиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел

Дејан Дејан

Напаѓачот во училиштето во Грац бил прогласен за ментално неспособен за воена служба

Дејан Дејан

Израел депортираше уште шест активисти од „селфи јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе