Вести Свет Топ вести

Последиците од катастрофата на браната Каховка ќе се чувствуваат со генерации

Уништувањето на браната Каховка брзо еволуира во долгорочна катастрофа врз животната средина, погодувајќи ги не само водата за пиење и производството на храна, туку и екосистемите долж течението на реката Днепар се до Црното Море, предупредуваат експертите за животна средина. Краткорочните последици, поплавените десетици илјади хектари обработливо земјоделско земјиште, се видливи и од вселената, но долгорочните последици, според експертите, ќе ги чувствуваат и следните генерации.

Последиците кои следуваат ќе бидат врз нашите деца и внуци, исто како што ние сме тие кои ги чувствуваат последиците од катастрофата во Чернобил, а не нашите предци, изјави Катерина Филуита, експерт за заштитени хабитати при конзерваторската група украинска природа.

За секој поплавен дом или нива, има полиња и полиња од новонасадени житни култури, овошја и зеленчуци чии канали за наводнување сега се празни. Илјадници риби угинаа во калта, додека повеќе видови птици кои живеат покрај водата останаа без своите гнезда и изворот на храна. Под вода останаа и незнаен број на дрвја и растенија.

На пример, ако оваа област служи како место за гнездење на некоја колонија на одреден вид птици, возможно е тие повторно да ги изградат своите гнезда откако водата ќе се повлече, за 7 до 10 години. Сепак, кога станува збор за екосистемите кои беа уништени, како песочните екосистеми кои некогаш постоеа на оваа уникатна територија, нивното обновување може да трае со децении, предупредува филуита.

Ако водата значи живот, тогаш испуштањето на акумулацијата Каховка носи неизвесна иднина за овој регион во јужна Украина, кој пред изградбата на браната на реката Днепар пред 70 години беше сува рамнина. Браната Каховка беше последната во системот од шест хидроакумулации изградени во советската ера на реката Днепшар која тече од Белорусија па се до Црното Море. Сите шест брани функционираа како една целина, прилагодувајќи ги нивоата во своите акумулации во зависност од сезоната и врнежите, но со почетокот на војната во Украина и освојувањето на браната Каховка од страна на руските сили, по што дали намерно или едноставно од невнимание целиот систем беше запоставен.

По уривањето на браната надојдената вода со себе понесе нагазни мини, проби во складишта со оружје и муниција, а однесе и над 150 тони машинко масло во Црното Море.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел

Дејан Дејан

Напаѓачот во училиштето во Грац бил прогласен за ментално неспособен за воена служба

Дејан Дејан

Израел депортираше уште шест активисти од „селфи јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе