Според пишувањето на медиумите во Германија, Баерн е на чекор да го обезбеди првото засилување за следната сезона и за комплетирањето на трансферот ќе плати рекордно обештетување.
Баварците наводно се во завршна фаза од преговорите со Ајнтрахт Франкфурт и според последните информации ангажманот на Коло Муани ќе ги чини околу 100 милиони евра.
Најголем дел од сумата ќе биде исплатена за предвремен раскин на договорот додека останатите пари ќе бидат исплаќани како бонуси во зависност од индивидуалните и тимски постигнувања во следните неколку години.
Баерн во младиот Французин гледа идеално и долгорочно засилување во нападот. Во текот на минатата година Коло Муани на 45 натпревари во сите конкуренции постигна 23 гола и имаше 17 асистенции.
Покрај Баерн интерес за 24-годишниот напаѓач покажаа Реал Мадрид, Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед, но се чини дека Баварците се најблиску до комплетирањето на трансферот и се очекува веќе во текот на следната недела тој и официјално да потпише договор со првакот на Германија.
ФОТО: Игор Паневски