Пред почетокот на годинешното издание на Ролан Гарос се предвидуваше дека на скоро секој дуел ќе се води жестока битка за пласман во следната фаза, а поради израмнетоста на квалитетот на поголемиот дел од тенисерите тешко е да се предвиди кој од нив на крајот ќе се радува на освоениот трофеј.
Предвидувањата се реализираа и уште во првото коло соборен е еден рекорд на Отвореното тениско првенство на Франција.
Во оваа фаза од натпреварувањето дури 21 меч се решени во пет сета што е нов рекорд не само во историјата на Ролан Гарос туку и на сите останати Гренд слем турнири.
Во опен ерата до овој момент рекордот беше сопственост на три турнири. Ролан Гарос во 1992, една година претходно на УС Опен и Вимблдон во 1984-тата.
Најголемото изненадување до овој момент го направи Бразилецот, Тијаго Сејбот Вајлд кој исто така во пет сета го совлада вториот фаворит Данил Медведев и стана третиот играч кој од квалификациите успеал да елиминира така високорангиран противник.
Тој го повтори подвигот на Иво Карловиќ од Вимблдон 2003 кој славеше во дуелот со Лејтон Хјуит и Маријано Забалета по триумфот над Петр Корда на Ролан Гарос пред точно две и пол децении.
Сејбот Вајлд е само вториот тенисер од Бразил по Густаво Куертен кој успеал да елиминира втор носител на еден Гренд Слем.
Неговиот сонародник подвигот го забележа во 2002 по триумфот над Марат Сафин во 2002 на УС Опен и две години подоцна со елиминацијата на Роџер Федерер во Ролан Гарос.
Нов рекорд забележа и Гаел Монфис кој славеше во пет сета над Себастијан Баес и се израмни со Станислас Вавринка по бројот на добиени мечеви со 3:2.
Двајцата од вчера имаат по 11 победи во пет сета на Отвореното тениско првенство на Франција.
ФОТО: Игор Паневски