Вести Свет Топ вести

Затворени гласачките места во Турција, пребројувањето на гласовите започна

Гласачките места се затворија во Турција и започна пребројувањето на гласовите за двајцата кандидати кои се соочија во вториот круг на претседателските избори во земјата.

Во првиот круг актуелниот претседател Ердоган, спротивно на очекувањата на предизборните анкети, победи иако со мала предност од 4,5 проценти од гласовите.

Иако излезноста беше рекордна, дури 90 проценти, а опозицискиот лидер Кемал Киличдароглу успеа да формира широк опозициски фронт против Ердоган, сепак не успеа да го победи. Но, фокусирајќи се на позитивните страни, Киличдароглу на своите поддржувачи им вети дека ќе победи во вториот круг, оценувајќи дека Ердоган не ја добил довербата од Турците.

За вестите на Телма од Истанбул се јави Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе се формира комисија во врска со детето од Кавадарци

Дејан Дејан

Осомничен и сопственикот на Рубикон во истрагата за дискотеката „Пулс“

Дејан Дејан

Израелски сили пресретнаа брод со активисти на пат кон Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе