Вести Свет Топ вести

Спротивставени првичните резултати од изборите во Турција

Два ипол часа по затварањето на избирачките места, турската државна изборна комисија го повлече ембаргото за објавување вести за резултатите од изборите. Резултатите ги објавуваат две новински агенции, а бројките кои доаѓаат од кај нив сосема се разликуваат.

Според резултатите кои ги објави АНКА, Кемал Киличдароглу води пред Речеп Таип Ердоган со 50.87 проценти, наспроти 49.13 проценти од 42 посто преброени гласови.

Според агенцијата Анадолу со истиот процент на обработени гласачки места Ердоган води со 14 проценти пред Киличдароглу, односно актуелниот претседател има 57.09 проценти наспроти 42.91 за Киличдароглу.

Анадолу исто така објави и податоци за излезноста, според кои таа е за 4 проценти пониска од првиот круг, што би значело дека денеска гласале помеѓу 84/85 проценти од граѓаните со право на глас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Завршни зборови на обвинителството во случајот со Вања и Панче

Дејан Дејан

Мерко со ослободителна пресуда за набавката на луксузното ауди

Дејан Дејан

TЕЦ Осломеј не работи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе