Колумбиските власти заедно со спасувачките екипи и доброволци од домородните заедници речиси цел месеч продолжуваат со потрегата по четирите исчезнати деца, кои преживеаа авионска несреќа на 1 мај. Потрагата започна веднаш откако малата Цесна, која превезувала седум патници, тројца возрасни и четири деца, се урна во густ и тешко пристапен дел од џунглата Амазон.
Остатоците од авионот беа откриени две недели подоцна од страна на доброволците од домородното население, но таму беа пронајдени само телата на трите ворзасни лица, пилотот, водичот и мајката на четирите деца. Надеж дека тие преживеале се роди откако во близина на остатоците од авионот беше пронајдено импровизирано засолниште, поради што властите започнаа со засилени напори за нивно пронаоѓање.
На ова место откривме овошје. Има само два вида на овошје со кое можат да се хранат, но се знаеме колкаво е нивното познавање за тоа овошје, или како да преживеат, изјави наредникот Хуан Карлос Рохас, кој учествува во потрагата.
Заедно со домородното население, армијата и спасувачките екипи тие ја започнаа операцијата „Надеж“.
Разговаравме со домородните заедници и постигнавме заеднички договот да соработуваме за да ја исполниме мисијата, а тоа е да ги вратиме децата дома. До сега пребаравме чекор по чекор приближно 500 квадратни километри благодарение на соработката и заедничките напори на воените
Сили и домородните заедници, порача мајорот Хектор Гереро.
На 17 мај колумбискиот претседател на Твитер објави дека децата биле пронајдени и се под надзор на колумбискиот Институт за семејна добробит, но малку подоцна го избриша, откако стана јасно дека веста е лажна. Единствена позитивна работа која произлезе од неговиот твит е што по него потрагата се интензивираше. Авиони го надлетуваат тој дел од џунглата секоја ноќ исфрлајќи светлечки ракети за да им го осветлат патот на спасувачките екипи, кои на земја користат кучиња трагачи, мегафони и свирчиња за да ги слушнат децата, а во потрагата помага и нивниот татко.
Таа мисија беше извршена за да им обезбедиме светло на децата, и на тој начин да ги водиме низ негостопримливата џунгла до местата каде што се спасувачките екипи, изјави полковникот Иван Маурицио Меза.
Потрагата по четирите деца на возраст од 13, 9 и 4 години, како и нивната 11 месечна сестра продолжува и спасувачите не губат надеж дека тие се сѐ уште живи иако поминаа 27 денови од авионската несреќа во која загина нивната мајка.