Спорт Тенис

ФОТО галерија: Најдоброто од Отвореното тениско првенство на Македонија

Во изминативе седум дена Скопје беше домаќин на Отвореното тениско првенство на Македонија, а титулата му припадна на Унгарецот, Мате Валкус.

По 23 години македонската престолнина повторно доби шанса да биде организатор на еден АТП Челинџер турнир и Скопје уште еднаш потврди дека може да организира турнири од највисок ранг.

Љубителите на тенисот можеа да уживаат во настапите на десетте најдобри млади тенисери во светот, но и играчи кои во текот на кариерата биле во врвот како што е Русинот, Евгениј Донској кој може да се пофали дека успеал да го совлада легендарниот Роџер Федерер.

На турнирот партиципираа и нашите најдобри тенисери Калин Ивановски, Берк Бугариќ, Обрад Марковски Горазд Србљак и Бесир Дургути.

Најдобриот резултат го постигнаа Ивановски и Бугариќ кои во игра на двојки стигнаа до четвртфиналето каде беа поразени од победниците на турнирот Петр Ноуза и Ендрју Полсон.

Од петти јуни Скопје ќе биде домаќин на ИТФ турнирот на кој повторно љубителите на тенисот ќе може да уживаат во квалитетни мечеви, а ќе можат да ги следат и настапите на најдобрите тенисери од Македонија.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе