Вести Свет Топ вести

Нов голем протест „Србија против насилство“, демонстрантите со обрач околу РТС

Во Белград денеска нов четврд по ред протест под мотото „Србија против насилство“, а причината за овие протести се двете масовни убиства што се случија во Србија во почетокот на месец мај.

Организаторите ги повикаа граѓантие да донесат цвеќе и да го остават пред Собранието „за да покажат почит кон жртвите на масовните убиства и сочувство за семејствата и пријателите на починатите“.

Побараа одземање на национални фреквенции од телевизии ПИНК и Хепи ТВ, смена на сите членови на Советот на РЕМ, чиешто непостапување овозможило непречено ширење на омраза и насилство, затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, замена на раководството на РТС.

Порачаа дека ќе останат на олуца онолку колку што е потребно се додека не се исполнат сите нивни барања. Во Белград вчера пак како одговор на овие протести зад кои застана и опозицијата, беше организиран митинг на владејачката Српска напредна партија под мотото „Србија на надежта“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе