Руското министерство за одбрана соопшти дека три украински, далечински управувани, поморски глисери без екипаж го нападнале рускиот воен брод „Иван Хурс“ во Црно Море. Како што наведува руското министерство, рускиот воен брод, кој бил мета на нападот, имал задача да ги штити гасоводите „Турски тек“ и „Син тек“ со кои се пренесува природен гас од Русија во Турција.
„Сите непријателски глисери се уништени со стандардното вооружување на рускиот брод, 140 километри североисточно од Босфор“, се наведува во соопштението на министерството за одбрана на Русија објавено на Телеграм.
Се истакнува дека нападот е оправдување за проширувањето на одбранбените мерки на Русија.