Вести Свет Топ вести

САД ќе проверуваат дали во нападите на регионот Белгород биле користени американски возила

Официјален Вашингтон ги проверува извештаите кои тврдат дека Украина користела американски воени возила на територијата на Русија. Ова го изјави портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби кој рече дека на Киев јасно му било посочено дека САД не поддржуваат употреба на американска воена опрема за такви цели, пренесе „Ројтерс“.

Руското Министерство за одбрана во понеделникот објави дека се уништени украинските националистички диверзантски формации кои извршија инвазија на територијата на Белгородската област, во пограничната зона со Украина, и дека во таа прилика се убиени над седумдесет терористи кои според фотографиите објавени од страна на руските власти во областа пристигнале со американски хамви возила.

Најголемиот носач на авиони во светот, американскиот „Џералд Форд“ вплови во Осло

Во нападот на украинската диверзантска група повредени се осум цивили, но нема жртви, јави претходно агенцијата РИА Новости.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе