Вести Свет Топ вести

Пригожин тврди: Регрутирав 50.000 затвореници, во Украина загинаа околу 10.000

Водачот на руската платеничка група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, изјави дека на бојното поле биле убиени околу 10.000 затвореници што тој ги регрутирал да се борат во Украина.

„Зедов 50.000 затвореници од кои околу 20 отсто беа убиени“, изјави Пригожин во видеоинтервју што го пренесе регионалниот сервис на РСЕ.

Минатата година Пригожин ги обиколи руските затвори во обид да ги убеди затворениците да се борат за „Вагнер“ во Украина, во замена за ветена амнестија по нивното враќање доколку преживеат.

Се верува дека осудениците биле користени како топовско месо, што претставува најголемиот дел од загубите на платеничката „Вагнер“. На почетокот на мај, Белата куќа објави дека повеќе од 20.000 руски војници биле убиени, а уште 80.000 биле ранети во петмесечните борби во Источна Украина, особено во Бахмут.

(Видео) Украински поморски дронови нападнале руски воен брод во Црно Море

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе