Облак од пепел се спушти над градовите околу вулканот Попокатепетел. Во најблискиот град Атликско, во текот на ноќта пепелта толку многу се спуштила што градот утринава е „поплавен“ од вулканска магла која ги покри и возилата, и ја намали видливоста.
Вулканот Попокатепетел засилено исфрла пепел, чад и гасови повеќе од една недела. Активноста на вулканот предизвика зголемено ниво на предупредување. Околу 900 училишта во неговата околина се затворени, авионскиот сообраќај се одвива со ограничувања, а владата го подигна степенот на тревога на второ највисоко ниво.
Во неделата, системот за предупредување за вулканот во стилот на стоп светло остана на жолто, но се искачи на фаза 3.
Во оваа фаза, се развиваат големи куполи и експлодираат со зголемен интензитет, исфрлајќи карпи во воздухот и пирокластични текови низ планината.
Попокатепетел е еден од најактивните вулкани во Мексико и е висок повеќе од 5400 метри. Во радиус од 100 километри од вулканот живеат околу 25 милиони луѓе. Властите побараа од жителите да бидат претпазливи и да се подготват за можна евакуација поради вулканска ерупција.
Министерството за одбрана соопшти дека е подготвено да активира 6.500 војници доколку е потребно. Се подготвуваа засолништа.
Попокатепетл оживеа во 1994 година по повеќедецениски мирување и доживеа периоди на поголема активност од 2000 до 2003 и 2012 до 2016 година.