Вести Најважни Свет

(Видео) Мицотакис без доволно парламентарни места за формирање влада, ќе бара втори избори

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, чија конзервативна партија извојува убедлива победа на изборите, но без доволно парламентарни места за формирање влада, посочи дека ќе бара втори избори надевајќи се дека ќе ја зацврсти својата победа без потреба од коалициски партнер.

Вторите избори, кои најверојатно ќе се одржат на крајот на јуни или почетокот на јули, ќе се спроведат според новиот изборен закон кој дава бонус места на победничката партија, со што на партијата на Мицотакис ќе и се олесни сама да формира влада.

Шефот на СИРИЗА и поранешен премиер, Алексис Ципрас, се бореше да ја врати широката поддршка што ја уживаше кога дојде на власт во 2015 година со ветување дека ќе ги смени мерките за штедење.

Тој во телефонски разговор му ја честитал победата на Мицотакис и рече дека во наредниот период неговата партија ќе се состане за да ги испита резултатите и како дошле до нив.

Поддржувачите на грчката партија Нова демократија ги прославија резултатите на нивната партија по вчерашните избори во земјата.

Дел од нив се собраа пред седиштето на партијата во Атина, навивајќи и веејќи партиски знамиња.

Ова беа први избори во Грција откако нејзината економија престана да биде под строг надзор од меѓународните кредитори кои обезбедија спасувачки средства за време на речиси децениската финансиска криза во земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Предлогот за избор на нов министер за здравство утре во Собрание

Дејан Дејан

Најмногу пријавени колапси од топлото време во Итната медицинска помош

Дејан Дејан

Зошто е откажано појавувањето на Тошковски во реновираните Управни служби на МВР?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе