Вести Свет

Нова демократија и СИРИЗА на соочување со народот – Грција утре гласа на парламентарни избори

Грците утре ќе гласаат на парламентарни избори кои се сметаат за најнеизвесни во последната деценија. Главни политички ривали се конзервативниот актуелен премиер Кирјакос Мицотакис и поранешниот премиер, левичарот Алексис Ципрас.

Централниот слоган на владејачката Нова Демократија е „Стабилно, Храбро, Напред“, додека на опозициската СИРИЗА – „Правда за сите“.

Според истражувањата на јавното мислење во Грција, Нова Демократија е на првото место, втора е СИРИЗА, а трета Пасок – движење на промена, додека, пак, околу 10 отсто, односно еден од десет анкетирани сè уште не одлучиле за кого ќе гласаат.

Изборите в недела ќе се спроведат според пропорционалниот модел, што не предвидува бонус од 50 пратеници за партијата победник. Тоа значи дека ќе биде многу тешко да се формира еднопартиска влада, а доколку партиите не коалицираат, земјата ќе оди на втори избори на почетокот на јули.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зошто е откажано појавувањето на Тошковски во реновираните Управни служби на МВР?

Дејан Дејан

Пораснаа девизните резерви на Кина

Дејан Дејан

Поранешен министер за информатичко општество предлог за нов министер за здравство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе