Во недела, нашето студио ќе биде исполнето со женските ракометни сили од финалистите во домашниот ракометен куп: ЖРК КУМАНОВО и ЖРК ВАРДАР.
Дали и како ЖРК Куманово ќе ја прослави третата освоена куп титула?
Дали клубот веќе ја бара замената за Андреза Алмеида од Бразил, која на крајот од сезоната заминува од редовите на Куманово, а беше најдобар стрелец и МВП на завршниот куп турнир?
Како „Вардарки“ го поднесоа минималниот пораз?
Колку им значи поддршката од искусните Гордана Нацева и Индира Кастратовиќ?
И, колку е важна улогата на тренерите пред кои стои обврската соодветно да работат со млади, женски ракометни сили?
Гледајте „Ферплеј со Јана“ во недела, 16:15 на Телма.