Вести Свет

Ердоган не попушта за членството на Шведска во НАТО

Засега не можеме позитивно да гледаме на членството на Шведска во НАТО, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју за Си-Ен-Ен.

Турција, која ја има втората по големина армија во НАТО, го блокираше членството на Стокхолм во Алијансата, обвинувајќи го дека дава засолниште на борци од забранетата Курдиска работничка партија (ПКК).

Сè додека шведските власти продолжуваат да дозволуваат поединци поврзани со терористички групи слободно да шетаат во Шведска, не можеме да гледаме позитивно на членството на оваа земја во НАТО, рече Ердоган. – Во моментов не сме подготвени за Шведска, бидејќи земја-членка на НАТО мора да има цврст став кога станува збор за борбата против тероризмот, потенцира турскиот претседател.

Шведска ги одби повторените барања на Турција за екстрадиција на луѓе кои ги смета за терористи, тврдејќи дека за ова прашање може да решаваат само шведските судови.

По ратификацијата во турскиот парламент, Финска официјално се приклучи на Алијансата на 4 април, но Турција се уште не дава „зелено светло“ за членството на Шведска. Според Анкара, Стокхолм мора да преземе поконкретни чекори во борбата против тероризмот за да биде примен во НАТО.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зошто е откажано појавувањето на Тошковски во реновираните Управни служби на МВР?

Дејан Дејан

Пораснаа девизните резерви на Кина

Дејан Дејан

Поранешен министер за информатичко општество предлог за нов министер за здравство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе