Вести Свет Топ вести

Десетти напад врз Киев од почетокот на месецот, сирени за воздушни напади ширум Украина

Ноќеска се огласија сирени за воздушни напади ширум Украина. Во некои делови се пријавени експлозии, но не и жртви. „Ројтерс“ пренесува дека не се забележани напади на инфраструктура или на цивилни цели.

Украинската војска соопшти дека руските авиони се активни и оти постои опасност од удари со хиперсонични ракети од типот „Кинџал“.

Шефот на воената администрација на Киев, Сергеј Попко изјави дека руските сили лансирале голем број на дронови кон украинската престолнина, но и дека украинските сили ги уништиле сите воздушни цели во десеттиот напад на главниот град од почетокот на месецот.

За разлика од него, портпаролот на украинските воздухопловни сили, Јуриј Игнат вели дека, сепак, сите цели не биле соборени.

„Уништени се три калибарски ракети кои беа лансирани од Црното Море и соборени се 16 дронови. Секојдневно продолжува гранатирањето. Не беа погодени сите мети“, изјави Игнат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Успешно опериран колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе по обидот за атентат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе