Вести Свет Топ вести

Бил во „нестабилна психичка состојба“ – маж со автомобил влетал во Апостолската палата во Ватикан

Маж со автомобил синоќа го пробил обезбедувањето на капијата на Ватикан, стигнувајќи до централниот двор на Апостолската палата, по што се предал на полицијата, соопшти денеска Ватикан.

Човекот со својот автомобил минал низ портата на Света Ана и стигнал до дворот на Сан Дамасо, каде што се наоѓа Апостолската палата во која живееле претходните папи и каде папата Франциск сè уште одржува официјални состаноци.

Се додава дека припадник на гардата пукал во автомобилот со пиштол.

Британските медиуми јавуваат дека зад воланот бил маж на околу 40 години и дека бил во „нестабилна психичка состојба“, како и дека не се приближил до зградата од другата страна на дворот каде што живее папата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Успешно опериран колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе по обидот за атентат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе