Вести Свет Топ вести

(Видео) Силно невреме ја зафати Војводина- двајца повредени, неколку семејства евакуирани во Нови Сад

Силно невреме го зафати подрачјето на Војводина. Невреме пропратено со град, грмежи и ги погоди Зрењанин и Нови Сад, каде улиците за еден час беа поплавени, регионалните патишта се под вода, а според најновите информации водата навлегла и во десетици куќи. Евакуирани се неколку семејства, а во Нови Сад има и двајца повредени. Екипите се на терен цела ноќ, а нивото на водата во делови од градот достигнала до крововите од автомобилите, поради што возачите морале да се качат на нив и да чекаат да дојдат спасувачите.

Силен дожд и град ги погоди и северозападниот дел на Србија, областа на Краљево, но и Топола, Бачка Паланка, Крагуевац и Аранѓеловац. Метеоролозите предвидуваат дека водениот бран ќе се движи и кон југот на земјата, а за нестабилноста најмногу влијаат циклоните од централниот Медитеран.

Поплави ги погодија и Италија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Во Италија најмалку десет луѓе загинаа, а неколку илјади се евакуирани. Од трагедија биле спасени 500-тини луѓе. Властите предупредуваат дека ситуацијата може да се влоши. Како последица на невремето 50 илјади граѓани останаа без струја.

И Хрватска продолжува да се бори со поплавите. Најтешко е на подрачјето на Карловац и Хрватска Костајница. Во областа на општина Нови Град, западно од Република Српска, прогласена е вонредна состојба поради поплавите предизвикани од обилните врнежи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе