На социјалните мрежи се шират нови видеа од дивеењето на студентите на 12 кинезиолошки факултети од Хрватска и регионот. Сите учествуваа во Охрид на, како што велат, традиционалниот собир на студентите „Дифовијада“.
Лустери наместо чаши, фрлање прозорци низ прозорец – сето тоа може да се види на новите снимки, пишува хрватскиот портал „24сата.хр“.
Во видеото има и дел од пораките кои студентите си ги разменувале меѓу себе, како на пример: „Чувајте се од телевизорот во собара на едно момче му ја скрпил главата“, потоа „Е сега е веќе доста, кој ми го украде телевизорот и креветот од собата.“
Оштетен инвентар, искршени прозорци, шишиња од пиво на покривот, тоалет кој изгледа како запален. Во таква состојба е еден од хотелите на охридското крајбрежје во кој минатата недела биле сместени студенти од различни делови на поранешна Југославија.