Вести Свет Топ вести

Поплави во северна Италија, 13 загинати и над 16.000 евакуирани, експертите предупредуваат дека Европа ја очекува уште поекстремни климатски услови

Над 20 реки се излеаа од своите корита во северна Италија откако за само ден и половина наврна количина дожд колку полугодишниот просек во тој регион. Од надојдената вода досега италијанските спасуачи извлекоа 13 тела, додека над 16.000 лица беа приморани да ги напуштат своите домови.

Просечната количина на врнежи е 200 милиметри во 36 часа, но во некои области тие достигнаа дури 500 милиметри, изјави министерот за цивилна заштита Нело Месумеки.

Евакуации се вршеле во текот на целата ноќ, со хеликоптери и чамци, но до многумина спасувачките екипи воопшто не успеале да стигнат затоа што голем дел од патната инфраструктура е под вода, а во многу градови нема електрична енергија.

Експертите причината за овие екстремни временски прилики ја гледаат во климатските промени.

Тоа што го гледаме во климатолошките статистики, а што се однесува до Италија, е дека не станува збор за квантитативно зголемување на количината на врнежи на годишно ниво, туку променета дистрибуција на врнежите во тој временски период. Тоа значи дека ние практично гледаме помалку дождливи денови, но со многу поголем интензитет на врнежи, вели метеорологот Антонело Пасини.

Тие порачуваат дека, не само Италија, туку целиот европски континент ќе треба да се прилагоди на климатските промени, независно од тоа што веднаш мора да бидат преземени мерки за намалување на стакленичните гасови.

Ќе имаме вакви настани во следните децении, и затоа ќе мораме да се прилагодиме. Тоа што навистина мораме да го направиме е да избегнеме многу полоши сценарија, во кои ќе ни биде екстремно тешко да се одбраниме. Затоа две работи мораме да направиме истовремено: да се прилагодиме, но и драстично да ја намалиме емисијата на стакленични гасови за да не дојдеме до сценаријата од зголемување за 3 степени, 4 степени на глобално ниво, затоа што во спротивно тоа навистина би било само првиот знак за нешто многу полошо, вели пасини.

Многу фактори придонесуваат кон поплавите, но затоплувањето на атмосферата предизвикано од климатските промени ја зголемуваат веројатноста за екстремни врнежи. Од почетокот на индустриската ера светот веќе се има затоплено за 1,1 степен, и температурите ќе продолжат да растат ако владите не превземат мерки за намалување на емисиите на штетни гасови.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе