Руската армија повторно напаѓа украински градови со дронови и ракети. Во Одеса загина едно лице, а две се повредени.
Во тек е нов воздушен напад врз главниот град на Украина, деветти овој месец. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека како последица на ударот во главниот град избувнале два пожари. Тој не кажа дали има повредени, но упати апел граѓаните да останат во засолништата додека трае нападот.
Сегашниот напад врз Киев е „без преседан во однос на силата, интензитетот и разновидноста на употребеното оружје“, објави градската управа на Киев на Телеграм.
Едно лице загина, а две се ранети во ракетен напад врз Одеса, пристанишен град на Црното Море на југозапад, соопшти портпаролот на воената управа на тој град, Серхиј Братчук.
Експлозии се слушнале и во централна Украина, во областите Виница, Хмелницки и Житомир.