Вести Свет Топ вести

Oдеше пеш од Анкара до Истанбул, антикорупционер и сака да го симне Ердоган од власт – Ганди е еден од прекарите на Киличдароглу

Кемал Киличдароглу е роден во 1948 година во семејство на државни службеници во село на истокот на Анадолија. Потекнува од семејство на Алавити кои се етничко-религиско малцинство во Турција. На свет дојде како четврто од вкупно седумте деца во семејството и единствен е кој студирал меѓу нив.

Дипломира економија и финансии во Анкара и во 1971 година се вработи како референт во турското Министерство за финансии. Во 1992 година е назначен за директор на Управата за социјално осигурување, а во пензија заминува во 1999 година, наведува „Дојче веле“.

Во своето пошироко опкружување секогаш важел за чесен и доверлив службеник, додека во јавноста стекна имиџ на борец против корупцијата.

Така ја започнува и политичката кариера. На барање на социјадемократско-кемалистичката партија (ЦХФ) подготвувал еден извештај за корупција што наиде на позитивен оддек кај тогашниот лидер на партијата, Денис Бајкал кој го поттикна Киличдароглу да се занимава со политика.

Во турскиот парламент влегува како пратеник на ЦХФ во 2002 година. Почна и почесто да се појавува во медиуми, кога објави неколку докази за корупција во земјата. Дополнително доби на популарност по вербалните судири со неколку пратеници исламско-конзервативната партија АКП на Реџеп Таип Ердоган. Во 2009 година се кандидираше за градоначалник на Истанбул, меѓутоа ја загуби битката од ривалот од редовите на АКП.

Добива поддршка од партијата во 2010 година, кога долгогодишниот лидер, Денис Бајкал мораше да се повлече од кормилото.

Меѓу неговите познати активности, често се споменува дека во 2017 година одел пешки од Анкара до Истанбул. На, речиси, 420 километри долгото патешествие тргнал со своите симпатизери во рамки на протестната акција „Марш за правда“, во знак на протест против наводната репресија на АКП на Ердоган.

Турската лира паѓа по водството на Ердоган

Киличдароглу е познат по својата смиреност. Еден од неговите прекари е „Ганди Кемал“ поради неговите наводни сличности со Махатма Ганди. Велат дека е исклучително мирен, трпелив, одлучен детален и упорен.

Покрај тоа, важи за политичар врз кого се извршени најмногу физички напади или атентати во политичката историја на Турција. Преживеа вооружен напад на курдската милиција (ПКК), напад во парламентот, како и обид за бомбашки напад од Исламска држава за време на „Маршот за правда“.

И покрај позитивниот имиџ и фактот што зад себе ја има опозицијата, Киличдароглу не важи за харизматичен лидеркој би бил вистинска алтернатива на Ердоган.

Турција вчера гласање на општи избори (парламентарни и претседателски). Претседателската трка беше со тројца кандидати, додека во трката за 600-те мандати во турскиот парламент учествуваа 24 политички партии и 151 независен кандидат.

Право на глас имаа над 64 милиони граѓани на Турција од кои, речиси, пет милиони за првпат имаа право на глас.

Според последните податоци, врз основа на 99,31 отсто обработени гласови, Реџеп Таип Ердоган во првиот круг доби 49,41 отсто гласови, додека Киличдароглу – 44,96 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелски сили пресретнаа брод со активисти на пат кон Газа

Дејан Дејан

Повредено лице евакуирано со хеликоптер од Ливадичко Езеро

Дејан Дејан

СДСМ со осуда за говорот на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе