Кошарка Спорт

ЛА Лејкерс го елиминираше шампионот, Мајами во финалето на Истокот

По триумфот над бранителот на треофејот Голден Стејт со 122:101, Лос Анџелес Лејкерс обезбеди пласман во финалето од разигрувањето за титулата во Западната конференција.

ЛеБрон Џејмс мечот го заврши со 30 поени, девет скока и девет асистенции, Остин Дејвис додаде 23 поени и шест асистенции, Д’Анџело Расел беше стрелец на 19 поени додека Ентони Дејвис впиша 17 поени и 20 освоени топки под обрачите.

Во редовите на сега веќе поранешниот НБА првак, Стефон Кари имаше 32 поени и шест скока, а Донте ДеВинченцо постигна 16 поени.

Далеку понеизвесно беше во дуелот меѓу Мајами и Њујорк во кој домаќинот славеше со 96:92 и со вкупен резултат 4:2 се пласираше во финалето на Истокот.

Џими Батлер имаше учинок од 24 поени и осум скока, Бам Адебајо стигна до 23 поени и девет освоени топки под обрачите, а Макс Струс забележа 14 поени и шест скока.

На спротивната страна Џејлен Брансон беше стрелец на 41 поени, додека Џулиус Рендл имаше 15 поени и 11 скока.

Утре ќе биде познат и вториот финалист на Истокот, а на програмата е седмиот решавачки натпревар во кој Бостон е домаќин на Филаделфија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе