Ветувањата на вицепремиерот Фатмир Битиќи не минаа кај вработените во државниот испитен центар. Штрајкот продолжува. Државата матура останува да виси, исто како и плановите на идните студенти чиј предизвик се странските факултети.
Гневни на понудата за минимално зголемување на платите што по автоматизам им следува со новиот закон, вработените во испитниот центар пресекоа – повеќе нема даваат никакви објаснувања околу државната матира, за одговори и одговорност препраќаат во МОН.
Од финансии молчат за проблемот, а од Министерството гарантираат дека државната матура ќе се спроведе во планиранот рок.