Вести Македонија

Државната матура ќе доцни, не е доволно предвиденото покачување на платите за вработените на Државниот испитен центар

Иднината на околу 16.000 матуранти е неизвесна. Вработените во Државниот испитен центар трета недела со ред штрајкуваат и бараат зголемување на платите. Денеска побараа и одложување на државната матура бидејќи немаат време за подготовка.

-Ние можеме да рботиме со дупло работно време, тоа сме го правеле и други години од ентузијазам, но во овој момент вработените немаат ентузијазам. Ако државата смета дека не сме битни зошто ние да се жртвуваме и да работиме по 20 часа, вели  Емилија Бошковска, претседател на Синдикалната организација при ДИЦ.    

Од Синдикатот обвинуваат дека наместо за нив парите отишле за зголемување на платите на функционерите. Иако вработените од Државниот испитен центар велат дека нема да си дозволат повторно да работата по 20 часа, министерот за образование Шаќири со оптимистички став смета дека државна матура сепак може да има, ако од денес се започне со работа.

-Моето барање и денеска и понатака ќе биде да се продолжи со подготовка за државна матура. Ако максимумот го дадеме во наредниот период почнувајќи од денес тогаш навремено ќе ја постигнеме државната матура, вели Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

Неуспешни беа досегашните преговори за платите, а ниту денеска нема одговорот од Министерството за финансии. Штрајкот во Државниот испитен центар  започна на 24 април и трае веќе три недели затоа што 11 од вкупно 29 вработени земаат минимална плата од 20.000 денари.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе