Кои карактеристики го прават куглањето интересна и атрактивна спортска активност?
Што ви е потребно доколку сакате да куглате, ви пренесуваме и прикажуваме директно од популарната скопска куглана „Мусандра“.
Каква е актуелната состојба на домашната кугларска сцена?
Дали постои доволно голем интерес за куглање кај девојките и младите генерации?
Како се одржува долгогодишната традиција во овој спорт и приматот, благодарение на кој Кугларскиот клуб „Макпетрол“ успеа да ја освои 22. екипна титула во домашниот шампионат и одново, да го освои Националниот куп?
Се потсетувме на еден од најголемите репрезентативни успеси на македонскиот спорт, Сребрениот медал освоен на Светско првенство во куглање.
Гости во „Ферплеј со Јана “ оваа недела се кугларите Младен Донковски и Ибрахим Мемеди.
Гледајте нè во недела, во 16:15 на Тв Телма.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.