Кошарка Спорт

Денвер поведе против Феникс, блескава вечер за Мареј и Јокиќ

Во првиот натпревар од полуфиналната серија во Западната конференција, Денер на домашен терен го совлада Феникс со 125:107.

Прва ѕвезда на натпреварот беше Џамал Мареј кој забележа 34 поени и девет асистенции, Никола Јокиќ додаде 24 поени, 19 скока и пет додавања, а Арон Гордон мечот го заврши со 23 поени и шест освоени топки под обрачите.

На спротивната страна Кевин Дурент имаше учинок од 29 поени и 14 скока додека Девин Букер впиша 27 поени и осум асистенции.

Вечерва на програмата ќе се одигра и првото полуфинале на Истокот во кое Њујорк го пречекува Мајами додека Сакраменто и Голден Стејт ќе го одиграат решавачкиот дуел за влез меѓу четирите најдобри во Западната конференција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе