Вести Македонија Најважни

Деца на возраст од 10 и 13 години го силувале осумгодишникот, дознава Телма

Само 8 години било старо детето кое било силувано од двајца други малолетници, дознава Телма од извори во истрагата за ова злосторство. Напаѓачите односно силувачите имале 10 и 13 години. Тие грозоморниот чин го снимале на мобилен и потоа го праќале на своите другарчиња.  За среќа видеото не е објавено на социјалните мрежи. Кога дознала, мајката на силуваното дете веднаш го пријавила случајот во полициската станица Битпазар.

-Преземени се соодветни мерки и активности и веднаш во полициската станица извршен е службен разговор со малолетниците, но и со родителите затоа што станува збор за  малолетници кои се под 14 години. Случајот е документиран и поднесен е соодветен поднесок до обвинителство. Отсега случајот е во надлежност на Основното јавно обвинителство и Центарот за социјални работи, вели Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Во моментов случајот е во рацете на јавен обвинител.

– Основното јавно обвинителство Скопје е известено за настанот. Пријавените деца се помлади од 14 години, па со оглед на тоа се исклучени од кривична одговорност. Центарот за социјални работи ќе го провери случајот, велат од ОЈО.

Родителите на силувачите биле повикани во станица, а известен е и Центарот за социјални работи.

Од Центарот за Телма велат дека веднаш разговарале со децата. Отсега центарот ќе работи и со децата и со нивните родители.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека ова не е прв ваков случај и апелираат до родителите повеќе да внимаваат што прават нивните деца користејќи ги социјалните мрежи.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Драматичен пресврт на изборите во Полска –  десничарот Навроцки нов претседател на државата

Дејан Дејан

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица со право да гласа и дијаспората

Дејан Дејан

Асмир Јахоски добил нов времен пасош, утрово се пријавил во суд како мерка за обезбедување,  Апелација одговара ние не издаваме пасоши, прашајте кај што издаваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе