Во недела, нашата екипа ви ги пренесува впечатоците од премиерата на документарниот филм ,,Патот на Кобра до ѕвездите” посветен на животот и кариерата на македонската фудбалска легенда,
Дарко Панчев.
За него, пред нашата камера зборуваат: сопругата Маја, ќерките Надица и Марија, неговиот најверен соиграч и пријател од терените Васил Рингов, легендарниот Дејан Савичевиќ, Петар Георгиевски- Камиказа како и Олимпискиот шампион Шабан Трстена.
Наша тема ќе биде и триатлонот, заедно со Магдалена Станковска и Данчо Ѓорѓијевски од клубот ,,Триоџи рејсинг”.
Со нив го најавуваме големиот Триоџи Триатлон кој ќе се случи на 14. мај во Скопје и дознаваме како успеваат да бидат паралелно успешни и челични во трите дисциплини: возење велосипед, пливање и трчање.
Гледајте нѐ,
Во недела, 16:15 на Телма.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.