Жељко Обрадовиќ втора сезона по ред ја добива наградата за најдобар тренер во АБА-лигата. Тренерот на кошаркарскиот клуб Партизан убедливо ги доби најголемиот број од гласовите.
Искусниот стратег ги водеше белградските „црно-бели“ до првото место во регуларниот дел од сезоната во регионалното натпреварување. Во гласањето на сите главни тренери во лигата, новинарите и навивачите, Обрадовиќ доби дури 72,4 отсто од гласовите. Второто место го освои Даниел Јусуп од Задар со 13,6 отсто од гласовите, а по него следуваат тренерот на Цибона, Јосип Сесар и предводникот на ФМП, Ненад Стефановиќ со по 6,2 отсто од гласовите.
Матијас Лесорт од Партизан е избран за најдобар дефанзивец сезонава.