Новата работна седмица ќе ја отпочнеме со сончево време со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на места ќе има услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температута ќе биде во интервал од 4 до 9°C, а дневната од 16 до 22°C.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Информации од ова утро: 23.4.2023
МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
9 Попова Шапка, 10 Лазарополе, 12 Крушево, Маврови Анови, 15 Берово, 16 Крива Паланка, Претор, 18 Прилеп, Охрид, 20 Тетово, Виница, 21 Скопје-Петровец, Штип, Струмица, Гевгелија, 22 Скопје–Зајчев Рид, 23 Демир Капија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 9 часа до 17 часот (во l/m2)
14 Гевгелија, 5 Лазарополе, 3 Претор, 2 Струмица, 1 Крушево.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo