Вести Култура

Иво Погорелиќ: Шопен за мене е херој и револуционер

По рециталите одржани на „Охридско лето“ 1981 и 2015 година, виртуозот на пијано од светски глас Иво Погорелиќ за прв пат ќе настапи в сабота, во Скопје. Под диригентство на Ана Спасовска, со камерниот оркестар „Ајга“, Иво Погорелиќ ќе го изведе Шопеновиот концерт за пијано и оркестар број 2, опус 21.

Вака звучеа пробите на новиот камерен оркестар „ Ајга“  во зградата на Филхармонијата, во пресрет на концертот со маестро Иво Погорелиќ. Во долгата интернационална кариера, која вклучува рецитали, но и настапи како солист со најпрестижните светски оркестри, Погорелиќ со успех изведува дела од целата литература за класична музика. Но, неговата сугестивност и иновативност, при свирењето, особено доаѓаат до израз при изведбите на дела од Шопен.  Поголериќ го смета него за херој и револуционер.

Знаеме дека бил револуционерен автор. Дека бил многу храбар и не обрнувал внимание на конвенциите од тоа време. И внесувал свои идеи и свои експерименти, кога пишувал музика, вели погорелиќ.

Светот дозна за Погорелиќ 1980 година  кога под нејасни околности беше исклучен од Шопеновиот музички натпревар во Варшава, но беше прогласен за гениј. Следната година веќе настапи во Карнеги Хол. До сега има објавено 14 албуми за „ Дојче грамофон“, а од 2019 е екслузивец на „ Сони Класикал. Им помага и на младите музички таленти, но и на унесреќените низ светот, за што е прогласен од УНЕСКО за амбасадор на добра воља.

Ние сме опкружени со машини кои веќе имаат своја интелигенција и веќе имаат голема улога во нашиот живот. Меѓутоа преносот од генерација на генерација, контактот кој содржи добра желба, кога го спомнавте УНЕСКО, тоа е добра воља. Значи таа добра желба не може да ни ја даде машината. Мора да ни ја даде некој друг човек, вели погорелиќ.

За камерниот оркестар „ Ајга“, концертот со Погорелиќ е предизвик, но и инспирација.

-За нив секако дека е голем предизвик, исто и за мене. Меѓутоа со голема инспирација бидејќи маестрото доаѓа, пристапивме на задачата, вели диригентката Ана Спасовска.

-Технички, секогаш кога има солист, секогаш акцентот е на солистот. Но, и за нас исто така технички е сложено. Зошто е сложено? Зашто ние треба секогаш да сме во позиција да го следиме совршено, смета виолинистката Ѓоргина Ивановска.

На концертот, оркестарот „Ајга“ ќе ја изведе и седмата симфонија од Бетовен. Организатор на настанот е Дејан Мојсовски.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ и Велика Британија го направија првиот чекор во ресетирање на односите по Брегзит

Дејан Дејан

Полицијата со кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка за урбана опрема пред кафеана, Митовски обвини за политички притисок со прашање до каде е пријавата за загадување со цијанид

Дејан Дејан

Кој калкулира, а кој менува страна – најави за средби и разговори неделава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе