Кошаркарите на Сакраменто по 17 години пауза повторно се дел од разигрувањето за шампионската титула во НБА лигата и во првиот настап успеаа да го совладаат бранителот на трофејот Голден Стејт.
Сакраменто славеше со 126:123, а прва ѕвезда на натпреварот беше Де’Арон Фокс кој забележа 38 поени и пет асистенции. Малик Монк додаде 32 поени и три скока додека Трех Лајлс беше стрелец на 16 поени.
Во редовите на се уште актуелниот шампион Стефон Кари имаше учинок од 30 поени и шест освоени топки под обрачите, а Ендрју Вигинс и Џордан Пул постигнаа по 17 поени.
Во најнеизвесниот дуел за пласман во полуфиналето на Истокот, Њујорк како гостин го совлада Кливленд со 101:97 и во серијата подобар од седум поведе со 1:0.
Најефикасен во редовите на гостите беше Џејлен Брансон со 27 поени, Џулиус Ренлд додаде 19 поени и 10 скока, а Џош Харт имаше учинок од 17 поени и 10 освоени топки.
На спротивната страна Донован Мичел имаше учинок од 38 поени и осум асистенции, а Дариус Гарланд постигна 17 поени.
Во останатите натпревари Бостон триумфираше над Атланта со 112:99, а Филаделфија го совлада Бруклин со 121:101.