Вести Култура

Протест на синдикатите од културата при УПОЗ со надеж дека Владата утре ќе го реши нивното барање

Револтирани поради исходот од средбата со министерот Бесими за кого велат дека ги слушнал нивните барања, но не ги дослушнал, синдикалните организации на вработени во културни институции на денешниот протест пред Влада најавија порадикални чекори за реализација на барањата за соодветна валоризација на нивниот труд и зголемување на платите. Велат дека ја имаат поддршката на министерката Костадиновска- Стојчевска и очекуваат нивното барање да се разгледува на утрешната владина седница.

„Тоа беше куртоазна, изнудена средба која се сведе на одговори од типот „тоа произлегува од Законот, тоа е Одлука на Уставниот суд која мора да се почитува или пак вработените во Министерството за финансии имаат одговорности кои заслужуваат плата за 30% поголема од останатите!“.Со други зборови, решение за проблемот на 190 вработени во Секторот култура нема! Велите дека и без министерот Бесими има можност да се реши ова ? Владата има законски механизам со која што може да донесе одлука со која може да го задолжи Министерството за финансии да ги дообезбеди потребните средства или да ги пренамени од други средства кои се слободни, нема да бидат искористени. Со одлука со прераспределба согласно Закон за извршување на буџетот“, Бранко Костовски, претседател на Синдикалната организација при Министерството за култура

Работата е иста согласно Закон за административни службеници и ова е класичен пример за дискриминација што го направи министерот за финансии, вели првиот човек на УПОЗ, Деаноски.

„Помалку дискриминаторски став на Министерството за финансии ако најде министерот пари за функционерите и рече дека ќе ги обезбедел прашањето е како ги обезбедил. Прашањето е зошто не може да обезбеди пари за вработени. Мислам дека начинот е многу лесен во моментов да нема дискриминација на плати на функционери и вработени. Истиот принцип како што се пресметува за функционерите, ние го бараме сега и за вработените“, порача Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ.

Синдикалните организации на вработени во културни институции велат дека ќе протестираат секој ден додека не биде решено нивното барање.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таравари: Локалните избори ќе ја покажат нaшата моќ

Дејан Дејан

Мицкоски не негира дека се преговара зад затворени врати, допрва ќе одлучува за наследникот на Таравари во Здравство

Дејан Дејан

ДУИ: Владата на Мицкоски продолжува да јава на бранот на национализам

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе