Вести Македонија

Министрите сложно го бранат координаторот Груби- пратениците добија задача да се „сложат“ и сменат 9 закони за „Бехтел“ и „Енка“

Министрите во кабинетот на Ковачевски не се ниту зачудени ниту навредени што министер за политички систем ќе се занимава со изградба на патишта. Назначувањето на Артан Груби за координатор на Коридорот 8 го разбираат како помош во реализацијата на бројните обврски на Министерството за транспорт и другите институциии.

Вицепремиерот Бојан Маричиќ потенцира дека се работи за најважниот проект на оваа Влада.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи повикува секој министер што сака да помогне, да земе дел од обврските бидејќи се работи за проект корисен за сите граѓани.

ВМРО-Народна партија, иако е коалициски партнер во Владата, не се согласува бидејќи не постои никаква поврзаност меѓу Министерството за политички систем и градежните активности на Коридорот 8.

Повика да се укинат Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта.

Назначувањето на Груби како „координатор за се“, ВМРО ДПМНЕ веќе го оцени како потврда дека се планира голем криминал.

Но Владата, со помош на парламентарното мнозинство, е решена да ја забрза целата процедура и итно да ги измени законите кои ја одолговлекуваат или попречуваат изградбата на Коридорите 8 и 10д.

Во понеделник Собранието по скратена постапка, а по предлог на група пратеници, треба да донесе 9 нови закони поврзани со експропријација, градење, урбанистичко планирање, работа подолга од 8 часа и друго, а стратешкиот партнер ќе биде ослободен од ДДВ и увозни давачки.

Заедничко објаснување за законите е: национален и стратешки интерес на државата.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе