Жоел Ембид одигра неверојатен натпревар за Филаделфија во победата од 103-101 против Бостон во дербито на Источната конференција во НБА-лигата. Центарот на Сиксерс реализираше 52 поени и 13 скока. За Камерунецот ова беше трет натпревар сезонава со 50 или повеќе поени со што им се приклучи на Вилт Чемберлен и Карум Абдул-Џабар како единствени центри со ваков ефект во една сезона. Дерик Вајт со 26 поени беше најефикасен во редовите на Селтикс, кои играа без Џејлен Браун.
Леброн Џејмс погоди со положување во продолжението и им ја донесе седмата победа на Лос Анџелес лејкерс од 135-133 на гостувањето кај Јута. Лејкерс ја запишаа седмата победа на последниот осум натпревари и се искачија на шестото место на табелата во Западната конференција со уште три натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната. Џејмс имаше 37 поени, Остин Ривс постигна 28, а Дејвис имаше 21 поен и 14 скока.
Последниот пласираниот тим на Западот, Хјустон направи големо изненадување совладувајќи го лидерот Денвер со 124-103. Останатите фаворити немаа проблеми, бидејќи Голден Стејт, Феникс, Мемфис, Сакраменто, Милвоки и Кливленд запишаа победи.