Вести Македонија Најважни

Јовановиќ: Одлуката на функционерите да си ги покачат платите во време на криза е нечовечна

Судиите се „почестија“ себе си и останатите функционери со повисоки плати, додека здравствените работници добија ветување за зголемување на месечните примања од 2.000 до 3.000 денари. Незадоволството расте во сите останати сектори поради долгата криза и инфлацијата којашто ги „изеде“ платите.

Зголемување на платите на државните функционери доаѓа откако Уставни суд со одлука за укинување на два члена од Законот за плата и надоместоци на функционерите… На ова реагираше и претседателот Стево Пендаровски кој рече дека невкусно е во време на економска криза да се покачуваат платите кои се исплаќаат од државниот буџет…

Шефот на државата ја повика Владата да се најде законско решение со кое ќе се регулира прашањето преку намалување на бодовите…

Според економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ одлуката функционерите да си ги покачат платите е безобразна и нечовечна во време на криза и во услови кога сиромаштијата расте во земјата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Максим Димитриевски: потврдивме минимум пратеничка група ќе имаме околу 60 илјади гласа

Дејан Дејан

Прва проекција на мандати: ВМРО-ДПМНЕ на 59, ДУИ пред СДСМ

Дејан Дејан

Ковачевски спомена одговорност, но не и оставка: Денешниот резултат е разочарувачки и тежок удар за СДСМ, повикувам на внатрепартиски избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе