Вести Свет Топ вести

Напаѓачката од Нешвил која уби шест луѓе во училиште го криела оружјето во домот на родителите и била емотивно растроена

Нпаѓачката од Нешвил која во приватно училиште влезе со пушка и пиштол и уби шест луѓе, легално купила седум пиштоли и ги сокрила во домот на нејзините родители, соопшти полицијата. Родителите за својата 28-годишна ќерка велат дека воопшто не биле свесни дека дома имаат оружје. Раскажуваат дека знаеле за еден пиштол кој го донела дома, по што и кажале веднаш да се ослободи од него, а Одри потоа ги убедила дека го продала. Додаваат дека страдала од емоционално растројство и била под лекарска грижа.

Полицијата соопшти дека се уште не го открила мотивот за нападот. Според манифестот кој го оставила во домот, претпоставуваат дека жената била „огорчена“.

Државата Тенеси нема закон кој им дозволува на полицајците да одземаат пиштоли од луѓе за кои веруваат дека може да претставуваат опасност за нив или за другите.

Началникот на локалната полиција вели дека доколку имале такви сознанија, оружјето од 28-годишната Одри Хејл би и било одземено.

„Не постои закон за тоа, но ако дознаевме, тогаш ќе се обидевме да дојдеме до тоа оружје. Немавме поим дека таа е опасност за околината“, изјави началникот Дрејк..

Властите веруваат дека Одри Хејл добила некаков вид обука со оглед на тоа како постапувала за време на нападот.

“Осомничената беше на повисоко ниво, веруваме дека била обучена да пука од повисоко ниво. Од видеото што го видов, таа стоеше подалеку од стаклото за да не биде лесна мета”, вели Дрејк.

Во нападот, шест лица, меѓу кои и три деца на возраст од девет години, беа убиени од Одри Елизабет Хејл. Подоцна беше елиминирана од двајца полицајци.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Помали царински стапки за 67 стоки, се либерализира трговијата со САД – усвоени измените на Законот за царинска тарифа

Дејан Дејан

Избегнувајте работа на отворено од 11 до 17 часот – владата со мерки поради топлото време

Дејан Дејан

Трамп: Путин се јави и праша дали ни треба помош со Иран, му реков „ни треба со вас“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе