Оваа недела заедно со Сенсеи Илија и Трајко Манасиеви од клубот ,,Пат кон мирот” ве носиме во светот на древната јапонска вештина, Аикидо.
Ексклузивно, разговараме и со еден од највлијателните аикидо учители во светот, Јапонецот Сенсеи Кеи Исава, актуелен заменик претседавач со светската аикидо федерација.
Која е филозофијата на аикидото и на кој начин можеме да ја примениме во животот, работата, приватноста, секојдневието…?
Дознаваме која е основната разлика меѓу аикидото и спортовите?
Дали секој може да се занимава со Аикидо?
Мудри совети и корисни лекции ви споделуваме преку нашиот разговор во недела, 16:15 на Телма.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.