Вести Култура

Наскоро премиера на детската балетска претстава „Петар Пан“

112 ученици од студиото „ Арт Балет“ ги прават последните проби за премиерата на детската балетска претстава „ Петар Пан“, две чии премиерни изведби ќе се одржат на 31 март во Националната опера и балет. Кореографијата и режијата за балетот ги направи Ирена Лозинска.

-Се трудев да ги прилагодам кореографиите кон возрасна на тие дечиња. Инаку стилот на самата кореографија е мешан. Да кажеме класично – модерен. Значи некоја неокласика, рече ирена лозинска, кореограф и режисер на претставата.

-Пробите кои што верувајте не се ни малку лесни. Ни малку не се кратки. Туку напротив пробите се минимум од 2 до 6 часа во текот на денот, рече тамара ѓурчиновска, управител и наставник во „арт балет“.

Детскиот балет „ Петар Пан“ е работен според романот на Џејмс Метју Бери. А, од мноштвото случки за момчето што лета и не сака да порасне , во фокусот на оваа постановка е вредноста на љубовта што ја осознава Петар Пан.

Ѕвончица е до уши вљубена во него. Таа љубов кон него преминува во љубомора поради блискоста на Петар Пан со Венди. Но, до оној момент кога ќе разбере дека љубомората ќе донесе неспокој и неубави нешта за цела таа дружина таму, вели ристо самарџиев, автор на либрето и песните.

Ликот на Ѕвончица е и наратор кој ги води посетителите низ дејствието преку 7 песни за кои музиката ја напиша Владимир Дојчиновски. Покрај учениците од „ Арт Балет“, во претставата настапуваат и солистите од Националниот Балет –Веселин Трајковски и Николас Алехандре Хоурсеу, во улогите на Петар Пан и Капетан Кука.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОЈО бара притвор за лицето осомничено за подметнување на пожарот во Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Два огнени крака, еден кон Николиќ, другиот кон Ѓопчеле – силен ветар го разгоре пожарот во дојранско

Дејан Дејан

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе