Вести Македонија

Министрите од ДУИ на анти-стрес терапија кај Груби

Првиот вицепремиер Артан Груби на својот Фејсбук профил објави фотографии од, како што ја нарекува, анти-стрес забавата која си ја приредиле во министерството. Целта на забавата со фудбалски и кошаркарски топки, како што вели, била прослава за одбележување на заедничкиот успех.

Забавата на кадрите на ДУИ без вратоврски се одвива во просториите на министерството за политички систем.

Дрим тим. По еден процес и долг и предизвикувачки ден, анти-стрес забава за одбележување на заедничкиот успех. Денес е голем ден, напиша Груби.

„Дрим-тимот“ кој беше во канцеларијата на Груби го сочинуваат актуелните министри за надворешни работи Бујар Османи, за економија Крешник Бектеши, за финансии Фатмир Бесими, за образование Јетон Шаќири, како и нивниот доскорешен колега кој беше на чело на Министерството за животна средина Насер Нуредини.

Груби во објавата не споменува зошто денешниот ден е голем, но пред оваа антистрес дружба министрите беа на владина седница каде што беше одобрено склучувањето на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10-д. За што Груби во претходните објави на ФБ напиша дека е „историски ден“.

Владата за оваа зделка конференција за новинарите ќе одржи утре на пладне, на која покрај премиерот Ковачевски и Груби, ќе присуствуваат министерот за транспорт Бочварски, директорот на државни патишта, Рустеми и генералниот директор за нискоградба „Бехтел“, Марк Алисон.

Инаку државниот објект на Министерството за политички систем, каде министрите играат фудбал и кошарка, е сместено во нова зграда во центарот на Скопје.

Министерството за политички систем, со кое раководи Груби, само за една година исплатило околу 160 илјади евра за хонорарни услуги, објави БИРН.

Покрај 354 вработени, министерството плаќало дополнителна работна сила. Имено, само во текот на 2022, во четириесетина наврати, преку две авторски агенции „Артпицк“ и „Лиценца МК 2000“ се исплаќани различни износи: Од 22 илјади денари до над 300 илјади денари месечно за хонорарните ангажмани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Праксата покажа дека најдобро е и за повредените и за семејствата сите следни фази од лекувањето да се одвиваат во Кочани, вели директорот на ФЗОМ

Дејан Дејан

Федерален суд го блокира обидот на Трамп за промена на изборното законодавство во САД

Дејан Дејан

Државата беше побавна затоа што мора да следи правила и процедури, вели Клековски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе